Европската унија континуирано го приспособува своето законодавство со цел да ја подобри ефикасноста, безбедноста и деловната правичноста во логистичкиот и транспортниот сектор. Сепак, последните промени, за жал, особено ги погодуваат компаниите од земјите кои не се членки на ЕУ, бидејќи донесуваат нови административни оптоварувања, засилени контроли и дополнителни процедури за работа во рамките на европскиот пазар. Во овој напис ги донесуваме клучните промени, вклучувајќи ETIAS пријавата, ICS2 системот, пакетот за мобилност I, новите безбедносни правила во Германија како и измените во полскиот SENT систем.
Од 2025. година, сите државјани на земји кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи и професионалните возачи во меѓународниот транспорт, ќе мора да поднесат барање за ETIAS (Систем за информации и авторизација за патување во Европа). ETIAS е електронски систем за одобрување на патувања кој ЕУ го воведува за подобрување на безбедноста на границите и подобро следење на влезот и движението на државјаните на трети земји во рамките на шенгенскиот простор.
Како функционира ETIAS пријавата?
За возачите во меѓународниот транспорт, оваа промена значи дополнителна администрација пред патувањето во ЕУ. Компаниите ќе мораат да ги едуцираат своите возачи за ETIAS процедурата и да осигураат дека сите имаат важечка дозвола пред влегувањето во ЕУ, за да избегнат засоти на границите и можни казни.
Повеќе информации за системот ETIAS и декларацијата за заштита на податоците се достапни на образецот за регистрација на Европската унија.
Европската унија го воведе ICS2 (Систем за контрола на увоз 2), нов електронски систем за поднесување податоци за стоки пред нивниот влез на територијата на ЕУ. Овој систем е дел од пошироката рамка за подобрување на царинската контрола, со цел подобра заштита на внатрешниот пазар и поедноставување на царинските прописи.
ICS2 е воведен по фази, а од 2024. година стана задолжителен за сите логистички и транспортни компании кои вршат увоз или транзит на стоки преку ЕУ, вклучувајќи ги и компаниите од земји кои не се членки на Унијата.
Клучни обврски за превозниците надвор од ЕУ:
За превозниците надвор од ЕУ, ICS2 носи дополнителни административни обврски и потреба за модернизација на информационите системи за да се овозможи навремена и точна размена на податоци со царинските органи на ЕУ.
Повеќе информации за ICS2 системот и неговите барања се достапни на официјалната веб-страница на Европската комисија.
Пакетот за мобилност I, кој во целост стапи на сила уште во 2023. година, е донесен со цел да се обезбеди рамнотежа помеѓу социјалната заштита на возачите и слободата на операторите да нудат услуги за прекуграничен транспорт. Со овој пакет се воведуваат построги прописи во областа на меѓународниот патен транспорт Клучните промени се однесуваат на:
• Работните услови на возачите: Возачите сега мораат да се враќаат во матичната земја најмалку еднаш на четири недели. Исто така, задолжително е седмичниот одмор да го користат надвор од кабината на возилото, што претставува дополнителен трошок за компаниите.
• Каботажа: На превозниците од земји надвор од ЕУ им се дозволуваат најмногу три каботажни возења во рок од седум дена, по што мораат да ја напуштат земјата и да чекаат четири дена пред повторно да влезат.
Регистрирање на возачите: Државите членки сега бараат превозниците да ги пријават своите возачи во националните регистри за да се обезбеди почитување на локалните правила за минимална плата и работни услови.
Овие правила се особено предизвикувачки за компаниите од земјите на Западен Балкан, Турција и Украина кои значително зависат од меѓународниот транспорт преку ЕУ.
Повеќе информации за пакетот за мобилност и поврзаната имплементација се достапни на официјалната веб-страница на Европскиот парламент.
Германија во септември 2024. година воведе нови безбедносни стандарди за транспорт на возила, кои се однесуваат главно на превозниците на автомобили, но имаат пошироко влијание на логистичката индустрија Правилата налагаат
• Задолжителна употреба на специјални ремени за осигурување на тркалата на возилото.
• Построги инспекции на автопатиштата и во логистичките центри.
• Високи казни за превозниците кои не ги почитуваат новите стандарди.
Оваа промена е резултат на зголемениот број на инциденти со слабо осигурени возила за време на транспортот. Превозниците од земји надвор од ЕУ сега мораат да вложуваат во нова опрема и дополнителна обука за возачите, што ги зголемува оперативните трошоци и може да влијае на конкурентноста.
Полска од 1. ноември 2024. година воведе измени во својот SENT систем за надзор на транспортот на стоки. SENT се користи за следење на транспортот на стоки со висока вредност и оние кои се подложни на даночни манипулации, како што се гориво, алкохол и тутун.
Новите одредби бараат:
• Задолжителна регистрација во SENT системот пред влегувањето во Полска.
• Зајакната контрола на транзитниот превоз.
• Електронско следење на движението на товарот преку GPS уреди.
Ова претставува дополнителна административна обврска за компаниите од надвор од ЕУ, особено оние кои ја користат Полска како транзитна земја за стоки што одат кон Западна Европа.
Новите правила што ЕУ ги воведува во областа на логистиката и транспортот им поставуваат сериозни предизвици на компаниите од земјите кои не се членки на Унијата. Воведувањето на ETIAS системот за возачи, имплементацијата на ICS2 системот за увоз на стоки, примената на Пакетот за мобилност I, заострувањето на безбедносните стандарди во Германија и измените во полскиот SENT систем бараат стратегиско планирање, дополнителни трошоци и вложување во едукацијата на вработените.
Превозниците кои навреме ќе разберат и ќе го прилагодат своето работење на овие промени, ќе можат да ја задржат конкурентската позиција на пазарот на ЕУ, додека занемарувањето на новите прописи може да доведе до доцнења, казни и долгорочни загуби во работењето.
Mожеби и ова би ве интересирало: