TIMOCOM транспортен барометар: Доколку се подобри економијата, постои ризик од недостаток на транспортни капацитети

Транспортен барометар К2 2024 Графика

И покрај слабата економија и економските предизвици во Европа, во вториот квартал од 2024 година се зголеми бројот на понуди со товари. На дигиталниот пазар на TIMOCOM, една од најголемите мрежи за патен товарен транспорт во Европа, значително се зголеми бројот на понуди со товари во однос на претходната година.

Низ цела Европа, вкупно беа генерирани двојно повеќе понуди со товари отколку во истиот период во 2023 година (+101 %) и 53 % повеќе отколку во К-1 2024 година. Како и во претходната година, мај покажа најголем обем на понудени товари (+112% во споредба со 2023 година) и достигна ново годишно рекордно ниво со просечен удел на товари од 81%. Бројот на понуди со товар во германскиот внатрешен транспорт во вториот квартал е за 66% поголем во однос на истиот квартал од претходната година. Споредено со првиот квартал, за две третини се зголемил и бројот на понуди во Германија.

За зголемениот број краткорочни транспорти на пазарот недостигаат слободни капацитети

Секоја година во месецот мај кој е исполнет со многу празници има особено голема побарувачка за транспорт. За да се справат со ваквите зголемени побарувања, потребните дополнителни капацитети првенствено се бараат на транспортни берзи. Налогодавачите и шпедитерите, кои вообичаено примарно користат фиксни партнери за транспорт, во оваа ситуација исто така даваат повеќе транспортни налози. „Понудените цени на берзите обично се попрофитабилни од тие со цврсто договорените услови“, објаснува Гунар Гбурек, раководител на деловни прашања во TIMOCOM. „Превозниците често не се подготвени да им обезбедат на своите клиенти поголем капацитет по релативно ниски цени на превозот. Затоа многу клиенти почнуваат да нудат отворени налозуза транспорт на транспортните берзи“.

Недостигот на возачи и зголемениот број на стечаи придонесуваат за тесните грла за слободните капацитети на транспортниот пазар. На дигиталниот пазар на TIMOCOM, по падот од претходната година од 28% на понудите со товарен простор во К1 2024 година, во вториот квартал од 2024 година беше ангажиран уште 3% помал капацитет на камиони отколку во претходната година. „Поголемата побарувачка и зголемените цени всушност ги охрабруваат превозниците да се надградат со дополнителни капацитети. Сепак, лошата инфраструктура и непроценливата употребливост на новите технологии на погон е причината многу луѓе да се двоумат“, вели Гунар Гбурек. „Недостатокот на капацитети може да го доведе во застој потенцијално подобрување на економијата.“

TIMOCOM им препорачува на налогодавачите да формираат затворени берзи каде што може дополнително да се понудат потребните тури. Таму, фиксните транспортни партнери имаат можност за овие тури да побараат товари по тековни пазарни цени со давање на предлог цена.

Transportbarometer_Laderaum
Понуди на товарен простор во Q2 2024 година

„Понудите на берзата во моментов се претежно попрофитабилни од условите договорени на почетокот на годината.“ Гунар Гбурек, раководител на деловни прашања во TIMOCOM

Варираат цените на понудата и предложените цени

Во Германија, понудените цени на понудените понуди со товари во К-2 2024 година беа во просек помеѓу 1,61 евра/км и 1,83 евра/км, во зависност од моменталната побарувачка. Просечната цена во вториот квартал е за 13,9% повисока од бараната цена во истиот квартал од претходната година. Спротивно на тоа, предлозите за цени на транспортните компании во вториот квартал покажаа просечни вредности до 1,93 евра/км. За неколку недели со голема побарувачка, бараната цена за национални тури низ Германија значително се зголеми. Ова е зголемување од 17,4% во однос на 2023 година. Тоа значи дека цените на понудата и побарувачката се значително спротивни. „На крајот, веројатно двете страни ќе се договорат во средината“, коментира Гунар Гбурек.

Гледајќи ги сите европски релации, просечната понудена цена беше 1,60 евра/км. Предлозите за цени за меѓународен транспорт, пак, беа во просек до 1,58 €/км и затоа речиси на ниво на понудена цена. Овде разликата не беше толку јасна, бидејќи подолгите, прекугранични релации дозволуваат и поевтина цена за км и трошоците за дизел и патарини варираат во зависност од регионот.

Највисоките понудени цени можеа да се пронајдат на релациите кон Велика Британија: Максималните понуди за транспорти, особено од Швајцарија, Италија и Франција до Обединетото Кралство, беа во неделен просек помеѓу 2,34 евра/км и 2,75 евра/км. Дополнителните напори предизвикани од комплицираното царинење и долгото време на чекање на границите, како и тешкотијата да се најдат соодветни повратни турисе клучните причини за релативно високите цени.

Се очекува летен пад: Намалување на понудите со товари до и вклучително август

Прогнозата за третиот квартал од 2024 година претпоставува пад на побарувачката на транспортниот пазар. Просечниот сооднос на товари и слободниот товарен простор се очекува да биде под 70:30 во традиционално послабите летни месеци јули и август. Со оглед на претстојниот божиќен пазар, сезонските зголемувања на понудите со товари веројатно повторно ќе се зголемат од септември наваму. Уделот со товари во транспортниот барометар на TIMOCOM тогаш би можел повторно да надмине 75% и да се приближи до вредностите од 2022 година (види ја прогнозата на графиконот).

Транспортен барометар К2 2024 Графика
Развојот на делот со понудите на тавари во Европа

Повеќе информации за моменталната ситуација на транспортниот пазар и транспортниот барометар може да најдете www.timocom.deтука. Тековните промени во бројките со понуди на товари на европските линии се достапни и за заинтересираните страни во извештајот за транспортен барометар од TIMOCOM.