Во логистиката, времето не е само пари – тоа е конкурентска предност. Секојдневниот притисок брзо да се одговори на барањата на пазарот, да се избегнат празни возења, да се најдат доверливи партнери и да се обработат големи количини податоци, лесно може да доведе до преоптовареност. Дури и со најдобри намери, процесите што вклучуваат повеќе средства, телефонски повици и разменети е-маилови често се покажуваат како извор на грешки и губење на ценети часови.
Звучи познато?
Ако некогаш сте помислиле дека сè би било полесно кога целокупниот процес – од пребарување на понуди до заклучување на договорот – би се одвивал на една единствена платформа, не сте единствени. Токму таа идеја беше почетна точка за најновите промени во рамките на TIMOCOM Road Freight Marketplace.
TIMOCOM долго време не е само класична транспортна берза. Но, благодарение на најновите функции – како што се интегрираниот TIMOCOM Messenger, вештачката интелигенција за побрзо внесување на понуди, опцијата Деловни Зделки за потранспарентно работење, транспортни налози, како и интеграција со аналитика на цени преку API – поставуваат нова референтна точка за ефективно работење во логистиката.
Во продолжение откриваме како секоја од овие функционалности може да ја подобри вашата секојдневница – со помалку кликови, помалку телефонски повици и повеќе контрола над сопствената работа.
Во ситуации кога брзината на комуникација е клучна, TIMOCOM Messenger овозможува директна и безбедна размена на пораки внатре во платформата – без пребарување на телефонски броеви или чекање на е-маил одговор. Сите информации за договорите остануваат забележани на едно место, што олеснува следење и избегнува несогласности, а овој начин на комуникација е најбезбеден, најпрактичен и највнимателен. Клучни функции вклучуваат
Користниците ја истакнуваат поголема прегледност и забрзано донесување одлуки. Сите информации остануваат во рамките на платформата, што ја зголемува безбедноста и ефикасноста.
Кога е потребно брзо и точно да се внесат повеќе понуди, TIMOCOM AI автоматски ги препознава и пополнува податоците од документите или сликите за помалку од 20 секунди. Оваа алатка посебно помага на тимови со голем обем на работа, бидејќи заштедува време и ја намалува можноста за грешка при рачно внесување. Основни функции се:
Оваа функција значително заштедува време, ја намалува можноста за грешки и овозможува побрз пристап до соодветниделовни партнери.
TIMOCOM Деловни Зделки претставува нешто слично на дигитално ракување внатре во платформата, обезбедувајќи им на сите страни безбедна рамка за договарање на условите за превоз. Оваа алатка ја олеснува формализацијата и потврдувањето на бизнис трансакциите, што го намалува ризикот од несогласувања или погрешни толкувања на договорените услови.
Кога користите Деловни Зделки, сите информации за цената, времските рокови и условите за превоз автоматски се внесуваат во системот, што го олеснува следењето на извршувањето на договорот и ја намалува потребата за дополнителни чекори или документација. На овој начин, вашите бизнис партнери можат брзо да ги потврдат сите детали, а вие можете да имате целосна транспарентност во секој дел од трансакцијата.
Со тоа не само што ги штитите вашите интереси, туку и ја зголемувате довербата во долгорочните деловни односи, бидејќи секој договор е јасно дефиниран и дигитално верификуван. Без е-маилови, PDF-ови и рачно архивирање. Со клик на копчето Деловни Зделки, го резервирате вашиот товар или слободно возило за избраниот деловен партнер за одредено време, додека тој договор не се потврди и прерасне во правно обврзувачки документ – транспортен налог.
Клучни предности:
Како функционира:
Покрај тоа, по завршената работа, двете вклучени страни можат да се оценат и на тој начин да придонесат за својата репутација на TIMOCOM Road Freight Marketplace. Оценките можат да ги видат сите корисници на платформата.
Транспортните налози не се нова функција во TIMOCOM Road Freight Marketplace, но го претставуваат следниот, логичен чекор по заклучувањето на договорот.
Со интеграцијата со TIMOCOM Messenger и архивата, транспортните налози ја зголемуваат правната безбедност и го намалуваат ризикот од грешки во комуникацијата.
Предности:
Во комбинација со функцијата Деловни Зделки, транспортните налози го затвораат целиот циклус: од наоѓање партнер до извршување на превозот.
Соработката на TIMOCOM со Translogica резултираше со решение што им овозможува на корисниците пристап до просечните цени по поминат километар на одредени релации за претходните 7 дена, што може да биде многу полезно за реална калкулација на цената на понудите.
TIMOCOM сега нуди и увид во пазарните цени на транспортот преку API:
За фирми кои користат свои TMS системи, API може лесно да се интегрира и користи автоматски.
TIMOCOM се позиционира како централна точка за дигитална логистика - новите функционалности претставуваат силен исчекор кон целосна дигитализација на логистичките процеси во транспортната индустрија. Автоматизацијата на внесот, дигиталните договори, интегрираните API, структурирани транспортни налози и транспарентна верификација на партнери овозможуваат побрза, попродуктивна и поефикасна соработка помеѓу сите учесници во ланец на снабдување.
Во време кога брзината, доверливоста и флексибилноста се одлучувачки фактори за успех, ваквите решенија не се само технолошки напредок – туку и конкретна поддршка за секојдневните бизнис предизвици. Дигиталната логистика не е веќе само иднина – туку реалност достапна за секој превозник, шпедитер и логистички тим кој сака да работи поумно, а не потешко.
Mожеби и ова би ве интересирало: